Повик за доделување мали грантови на граѓански организации

Центарот за граѓански комуникации во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на информации од јавен карактер и подготовка на отворени бази на податоци за области од поширок јавен интерес.

Предвидено е да се доделат осум мали грантови, по еден во секој од планските региони во државата (Скопски, Источен, Југоисточен, Североисточен, Пелагониски, Вардарски, Југозападен и Полошки регион) во износ до 3.000 евра по грант (во денарска противвредност од 184.000 денари). Вкупниот износ на повикот изнесува 24.000 евра.

Рок за доставување на апликации: до 24-ти март 2017 година.

Сите потребни документи за аплицирање се на следниот линк:
http://freeinfo.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3/

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива