Шест успешно имплементирани локални проекти во областа на креирање на младински политики

Во рамки на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија, во периодот од октомври 2016 до јануари 2017 година, успешно беа реализирани 6 локални проекти во општините: Пробиштип, Чашка и Старо Нагоричане.

Главна  цел на овие проекти беше јакнење на капацитетите на граѓанските организации преку спроведување на локални мерки за поддршка на младите во соработка со локалните власти. Граѓанските организации кои ги имплементираа локалните проекти беа највисоко рангирани апликанти на конкурсот за доделување на грантови за финансирање на проекти на граѓански организации во областа на креирање на младински политики за 2016 година, и притоа секоја од нив имплементираше активности по една од шесте предлог мерки претходно дефинирани во рамки на спроведено истражување и одржани јавни дебати во целните општини.

Во продолжение следува кратка презентација на успешните приказни:

„Занаетчиството можност за економско зајакнување на младите во рурални средини“ проект во имплементација на Здружението на уметници ракотворци „АРТИ КРАФТ“. Проектот разви активности помеѓу млади од рурална средина (Општина Старо Нагоричане) со различна етничка припадност т.е. невработени, кои  се стекнаа со знаење за везење и изработка на народни носии, како и начин да започнат сопствен бизнис. Со реализација на овoj проект се овозможи поголема поддршка на занаетчиството. Беа пренесени вештини и знаења за старите занаети на младите генерации, се оствари соработка со локалните власти при користење на занаетчискиот сектор како извор на економски, социјален и културен развој и воедно се разви механизам за вработување и самовработување.

 
Преку реализацијата на проектот „Фолклорот поблиску до младите - продолжување на традицијата“ се создаде приближување на фолклорот до младите генерации кои растат во опкружување на технолошка доба и им беше всадена љубов и волја за понатамошно и континуирано негување и изучување на фолклорот. Со реализацијата на овој проект младите од општина Старо Нагоричане изучија традиционални игри и ора кои се обележје на сопствениот народ, но изучија и игри и ора кои се обележје на земјите членки на Европската унија. Проектот го имплементираше Здружението за едукација „МЛАДИ ЗА МЛАДИ“.
 

 
„Со спорт до подобар свет“ е проект со кој изврши имплементирање на предлог мерката „Унапредување на културно забавниот живот на младите“ во општина Чашка, во реализација на Училишниот спортски клуб „Петре Поп Арсов“ - Богомила. Проектот опфати креирање на акционен план за развој на училишниот спорт во Oпштина Чашка, формирање на тричлен тим од страна на Училишниот спортски клуб „Петре Поп Арсов“ и Општина Чашка, којшто ќе работи на контрола на спортските активности во Велес во периодот од 2016 - 2020 година. Исто така, се формираа спортски клубови во општината, а воедно и се поттикнаа младите луѓе преку спортски активности да достигнат различни морални вредности.
 

 
„Развивање на меки вештини за долгорочно самовработување“ е проект кој го имплементираа Волонтерски Центар Скопје во партнерство со едукативниот центар „Да научиме“ на територијата на Општина Пробиштип. Проектот ја реализираше својата богата програма преку обуки од областа на претприемништво и креирање на бизнис план, како и преку одржани обуки по странски јазици. Со реализацијата на овој проект се оствари поттикнување на младинско претприемништво помеѓу локалното население, стекнување на напредни знаења за водење на претприемачки бизнис од страна на младите во општината, приближување на концептот на социјално претприемништво како алатка за подобрување на целокупната општествена состојба помеѓу младите во општината и подигнување на свеста за потребата на оваа алатка во нашите локални заедници.
 


„Создаваме подобар свет“  беше проект во реализација на Извиднички одред „Димитар Влахов“ - Велес. Со таргет група на 40 млади лица од Општина Чашка, се реализираа два тематски мултиетнички младински кампови, а воедно беше издадена и промовирана Локална младинска стратегија. Со овој проект воедно се оствари зголемен и квалитетен интензитет на волонтерски активности на младите, формирање на извиднички одред како младинска организација, институализација и развивање на методологија за создавање на форми за дејствување на младинските волонтери во развојот на локалната заедница, како и институализација и развивање на методологија за создавање на форми на младински активности.
 
 
„Преку убавината на ракотворбата до интегрирање“ е проект кој изврши спроведување на предлог мерката „Социјално интегрирање преку процесот на формално и неформално образование“ во Општина Пробиштип. Учесниците во проектните активности беа вклучени во курсеви за дизајн, шиење и везење. Курсевите опфатија запознавање со основите на дизајнот, дизајнерската методологија и психологија, активности поврзани со визуелно претставување – цртање на модели, модни илустрации. Дополнително учесниците имаа можност да се запознаат и со основните техники во кроење и шиење, запознавање со материјали, ракување со машина за шиење. Беа опфатени основни и напредни техники и типови на рачен вез, запознавање со алатки, конци, итн. Како последна активност од проектот беше одржана завршна изложба и модна ревија на 22.12.2016, на која пред повеќе од 100 лица и беа преставени резултатите од проектот – 10 традиционални кошули со рачен вез кои беа лично носени и претставени од учесничките во проектот. Проектот го имплементираше ЗР „Хендмејд“ - Пробиштип. 
 


Главната проектна активност ја оствари својата цел, всушност со имплементацијата на овие 6 локални проекти успешно беа поддржани и зајакнати капацитетите на граѓански организации со имплементацијата на мерки за креирање на младински политики, а воедно се зајакна и соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики со што се оствари на долг рок се подобрува социо-економската положба на младите во целните општини.
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива