Уникатна бесплатна можност за сите претприемачи, аплицирајте за програмата LEADER

Проектот LEADER претставува уникатна иницијатива за бизнис образование што дефинитивно ќе им биде од корист на претприемачите и сите оние кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис.
 
Станува збор за интензивен десетдневен курс граден според MBA програма на познатиот Ivey School of Business од Канада, а кој е наменет за развој на деловни и менаџерски вештини. За учество во LEADER проектот можат да аплицираат:
 
- оние што веќе имаат свој бизнис и сакаат да го подобрат својот деловен учинок,
- оние што имаат добра бизнис идеја и сакаат да ја остварат,
- млади претприемачи што имаат цел да преминат во напредна фаза на отпочнување на свој бизнис.
 
Оваа програма ја организира Македонија2025 во соработка со познатиот Ivey School of Business при University of Western Ontario од Канада. Од таму ќе допатуваат наставници кои се млади и успешни професионалци, со богато меѓународно искуство и амбиција за пренесување на лидерски вештини на млади луѓе во други земји од светот. LEADER проектот се одржува во Скопје по осми пат. Според досегашните впечатоци, програмата има исклучително позитивно влијание на поранешните учесници. Огромен дел од нив се веќе млади професионалци кои имаат свој бизнис или работат во успешни домашни и странски компании.
 
Важно е да се напоменат неколку детаљи околу LEADER проектот:
- котизација не се плаќа- програмата е БЕСПЛАТНА,
- наставата ќе се одржи од 4-ти до 15-ти мај во Скопје,
- предавањата и комуникацијата ќе бидат на англиски јазик,
- рокот за аплицирање е 1-ви април.
 
Повеќе информации за LEADER проектот ќе најдете на оваа страна. Впечатоците од поранешни учесници се споделени во оваа статија.
 
Заинтересираните кандидати треба да пополнат апликација за учество и да ја испратат на jordanka@macedonia2025.com до истекувањето на рокот на 1-ви април, 2015 година.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива