Аплицирајте до 24-ти јуни и освојте 10.000 долари на конкурсот „Филантропија за зелени идеи“

Асоцијацијата за развој на нови опции - „Арно“, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, го распишува конкурсот „Филантропија за зелени идеи“ за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи што промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, користат ресурси од локалната заедница и потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Повикот за доставување на зелени идеи е отворен до 24-ти јуни!!! Трите најдобри проекти од регионот на Западен Балкан ќе добијат по 10.000 американски долари за поддршка на имплементацијата.

Прочитајте повеќе за претходните успешни идеи на овој конкурс и другите придобивки од учеството: http://www.arno.org.mk/competition/

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива