​Учествувајте на конференцијата: „Јакнење на претприемачкиот екосистем во Македонија“

Kонференцијата организирана од страна на здруженијата на граѓани ЦЕФЕ Македонија и Форум 16“ од Битола, има цел да придонесе кон вмрежување и промоција на постоечките начини за поддршка и развој на претприемништвото во државата, како и креирање на нови идеи и политики за функционирање во иднина.
 
Датум: 19-ти јуни 2015 (петок)
Време: oд 11:00 до 16:00 часот
Локација: хотел Капри, Битола
Агенда:
  • Сесија 1: Клучни актери во Македонскиот претприемачки екосистем.
  • Сесија 2: Политики за промовирање и јакнење на претприемачкиот екосистем во државата.
  • Презентација на резултати од завршувањето на проектот.
  • Коктел и вмрежување.
 
Kонференцијата е наменета за: студенти, вработени, невработени со аспирации за самовработување, потенцијални и постоечки претприемачи, претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото, финансиски институции, здруженија на граѓани, јавни институции за креирање на политики, лидери и претставници на бизнис инкубатори, акселератори, бизнис ангели, кредитни фондови…
 
Начин на учество:
За да се пријавите, ве молиме пополнете ја електронската пријава или контактирајте со: info@cefe.mk, 078/201854 најдоцна до среда 17-ти јуни 2015 година.
Местата се ограничени. Селекцијата на кандидатите ќе се одвива по принципот „прв пријавен - прв услужен“. Сите учесници ќе добијат сертификат за учество на конференцијата.
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива