​Покана за учество на Интернационалната младинска конференција 2015, во Крушево

„Младинска алијанса – Крушево“ испраќа покана до членовите на сите граѓански организации, за учество на 13-та Интернационална младинска конференција „Европски вредности за иднината на југоисточните европски земји“. Конференцијата ќе се одржи од 11-ти до 15-ти септември во Крушево.
 
Оваа година конференцијата ќе ги опфати следните теми:
  • Европскиот социјален модел во 21-от век;
  • Искористување или злоупотребување на ЕУ фондовите?
  • Човекови права (правата на имигрантите);
  • Улогата на универзитетите во младинското претприемништво?
  • Креативноста како клуч за вработување од соништата;
  • Дали радикалните идеологии претставуваат закана за демократијата?
  • Кој ја гради реалноста – ние или медиумите?
  • Предизвици или нови почетоци?
 
Повеќе информации за конференцијата се достапни на:
www.krusevoconference.org.mk
www.facebook.com/YouthConferenceKrusevo   
Skype: krusevoyouth
E-mail: conference2015@krusevoconference.org.mk
 
Апликацијата за учество е достапна на следниов линк:
http://www.krusevoconference.org.mk/application.php
 
Критериумот за селекција на учесниците е по принципот „прв пријавен – прв услужен“. Испратете ја вашата апликација што е можно поскоро. Во врска со потврдувањето на вашето учество ќе бидете дополнително известени.
 
Исто така, ве молиме споделете ја поканата за конференцијата со сите оние кои сметате дека би биле заинтересирани за учество.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива