​Покана за настан: Прогласување на победници од конкурсот „Филантропија преку зелени идеи“

Зaвршниот настан од конкурсот „Филантропија преку зелени идеи“ ќе се одржи во петок (3-ти јули 2015), во хотел Queen's (ТЦ Зебра), со почеток од 14:00 часот. 
 
Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги кани сите промотери на филантропијата и социјалното претприемништво, граѓанските организации и сите други важни чинители во македонското општество.
 
Се надеваме ќе успеете да присуствувате на овој настан за да дадете поддршка на иницијативата и избраните победници од Македонија кои продолжуваат да се натпреваруваат на регионалниот „Форум за зелени идеи“.
 
Потврдете го своето присуство на contact@arno.org.mk, до четврток (2-ри јули).
 
„Филантропија за зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. АРНО, со поддршка од Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, распиша конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои поттикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина. 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива