Средношколци од неколку македонски градови учea претприемнички вештини во Охрид

Средношколци од Охрид, Струга, Велес, Битола, Ресен и Неготино беа дел од Летниот камп за млади претприемачи, што се одржа во Охрид во текот на изминатата недела, од 22-ри до 24-ти јуни. Овој камп е дел од проектот „Претприемач да се биде или не“, поддржан преку Мрежата за поддршка на млади претприемачи, со фондови од Европската Унија.

Во рамки на тридневниот настан беа реализирани интерактивни работилници за основите на претприемништвото, за креативно рамислување, лидерство и тимска работа. Од Локалната агенција за развој од Струга која е локален организатор на кампот, велат дека една од целите за организирање на кампот е тоа што во Македонија има недостаток на претприемнички дух и дека кај младите мора да се поттикне визија за самовработување.

Во рамки на овој проект на локално ниво се вклучени и средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид и средното училиште „Нико Нестор“ од Струга.
 
Извор: http://www.ohridnews.com/vesti/85313

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива