Средношколци, пријавете се за кампот за млади претприемачи, 22-24 јуни 2015, во Охрид!

Локалната Агенција за Развој (ЛАР) од Струга е една од 9-те поддржани граѓански организации за реализација на проектот „Претприемач - да се биде или не“, во рамки на конкурсот за финансирање на локални проекти за претприемништво, кој го спроведува Мрежата за поддршка на млади претприемачи.
 
ЛАР го организира овој проект во соработка со средните стручни училишта „Нико Нестор“ од Струга и „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, а следната проектна активност е летниот камп за претприемништво кој ќе се одржи од 22-ри до 24-ти јуни во хотелот Далјан во Охрид. За избраните учесници, e обезбедено сместување и храна.
 
Сите средношколци кои се подготвени за предизвик се поканети да се пријават за летниот камп најдоцна до 1-ви јуни (понеделник).
 
ЛАР Струга најавува дека кампот ќе се состои од интензивни интерактивни работилници на кои учесниците ќе можат да научат за основите на претприемништвото, креативното рамислување, лидерство и тимска работа, со цел да се поттикнат младите да размислуваат за тоа што значи да се биде претприемач и да ги препознаат можностите за започнување сопствен бизнис.
 
Апликацијата за учество може да ја пополните тука: http://goo.gl/forms/sQhFfxNRlq   
Ова е линк и до Фејсбук настанот: https://www.facebook.com/events/436230966544874/

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива