​Покана за инфо настан за бизнис стратегија на претпријатијата од скопскиот плански регион

Сите претставници на микро, мали и средни претпријатија, лоцирани на територијата на скопски плански регион се поканети да земат учество на Четвртиот советодавен настан на Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион. Темата на состанокот е: Бизнис стратегија, избор на пазар, избор на профитабилен производ, реорганизација и реструктурирање како алатка за зголемување на профитот.
 
За пријавување на учество, заинтересираните претпријатија и организации треба да достават име и презиме на претставникот кој би бил присутен на настанот на bc.spr@skopjeregion.gov.mk, или на телефон 02 / 3218-482, најдоцна до 07.05.2015 (четврток), до 12.00 часот.
 
Повеќе информации може да пронајдете на: www.skopjeregion.gov.mk
 
Формирањето на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во скопскиот регион (РБЦ-СПР) е технички и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обeдинетите нации (UNDP). 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива