​Уникатна можност да станете првите е-ментори за Европскиот Волонтерски Сервис

ЦЕФЕ Македонија објавува јавен повик за сите заинтересирани кои сакаат да отпочнат или да ја надградат својата европска кариера во областа на менторирање и онлајн учењето за млади.
 
Што се нуди? 
Учество во проект од Еразмус+ програмата: „EVS + SVE – Sustainable entrepreneurship Values through E-learning“ кој се состои од повеќе поврзани активности и мобилности со цел да се идентификуваат и обучат 30 идни е-ментори кои ќе креираат онлајн платформа за учење препозната и акредитирана од САЛТО младинските центри низ Европа (SALTO Youth Centers across Europe), како и националните агенции од програмата Еразмус+ (Erasmus+ National Agencies).
 
Кој го имплементира? 
11 партнерски организации кои се активни во волонтеризмот во 11 земји во ЕУ, Балкан, Медитеран, Источна Европа и Кавказ (имено: Бугарија, Романија, Украина, Грција, Шпанија, Франција, Тунис, Полска, Грузија и Македонија).
 
Кои се целите на проектот?
- Да се обучат првите 30 е- ментори за волонтерите на Европскиот Волонтерски Сервис;
- Да се истражат потребите на волонтерите на ЕВС за обуки;
- Да се креира платформа за е-учење која ќе содржи обуки што ги опфаќаат 8-те основни компетенции потребни за сертифицирање и евалуација на ЕВС волонтерите;
- Да се научат техничките детали за нејзино одржување и подобрување;
- Да се направат методи и алатки за акредитација и сертификација на онлајн  курсевите.
 
Учесници можат да бидатмладински работници, младински лидери, млади проектни менаџери, надзорници на ЕВС волонтери, екс волонтери, координатори на младински проекти, социолози, психолози (не постои возрасна граница на учесниците).
 
Зошто е ова потребно? 
Иднината е во е-учењето, персонилизираното учење, рапидниот раст на онлајн мрежата (до 2020 година ќе имаме 7 милијарди корисници на интернет - поврзани со вас!), како и поврзувањето и едукацијата на младите луѓе од Европскиот Волонтерски Сервис за креирање на поголемо општо добро.
 
Што треба да направите? Да се обучите и едуцирате…  за тоа ги креиравме следните мобилности во кои можете да учествувате:
- Тренинг курс кој ќе се одржи во Лефкада (09-20 jуни 2015 година), во кој ќе учествуваат по 3 учесници од партнерските организации. Ние заедно ќе треба да ги составиме сесиите за онлајн учење преку кои што ќе произлезат 8 основни „клучни компетиции” за тренингот за волонтери, особено во делот на социјалното претприемништво;
 
- Тренинг курс кој ќе се одржи во Романија (10-20 август 2015 година), каде истите учесници од претходниот тренинг ќе изведат алатки за евалуација на онлајн сесиите, со цел да произлезат методи и инструменти за сертификација/идентификација на стекнатите компетиции од онлајн учењето.
 
- Тренинг курс кој ќе се одржи на Лефкада (08-15 октомври 2015 година), чија цел е да се овозможи натамошно развивање на вештините на учесниците, да станат идни ментори на онлајн тренинзи за европските волонтери.
 
Трошоци: Патните трошоци за учесниците ќе бидат покриени во максимален износ од 275 евра по учесник и ќе бидат рефундирани по самиот тренинг. Трошоците за сместување и материјалите за тренинг се целосно покриени од организацијата.
 
За учество во проектот, потребно е да се пријавите до 18ти мај 2015 на volunteer@cefe.mk со пополнување на следната апликација. За дополнителни прашања и информации ве молиме контактирајте на горенаведената е-mail адреса.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива