Фондот за иновации и технолошки развој објави повик за аплицирање за практична работилница со цел подобра подготовка на предлог проекти за финансирање. Работилницата е наменета за претпријатија кои што веќе имаат подготвено нацрт проект за инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.
Се покануваат граѓанските организации кои работат на поддршка на локалното претприемништво и нудат дополнителни сервиси во полето, да ја споделат информацијата со нивните мрежи.
Повеќе информации може да се пронајдат на следниов
линк.
Крајниот рок за аплицирање е 22-ри март, 2017 година.