Отворен повик – Обука за обучувачи

Ресурсниот центар на ТАКСО воден од Македонски центар за меѓународна соработка и Македонската канцеларија на проектот ТАКСО во периодот 4-6 април 2017 организираат „Обука за обучувачи“.

Обуката е наменета за претставници на граѓански организации кои организираат и спроведуваат различни едукативни програми и програми за обука. Критериум за учество на индивидуалните учесници е тие да бидат ангажирани како обучувачи во организацијата. Претходно искуство во подготовка и испорака на обуки ќе биде предност при изборот.
 
За учество на обуката потребно е да испратите пополнета пријава на info.mk@tacso.org најдоцна до 24-ти март 2017.

Пријавата и целосниот повик се достапни на: http://tacso.org/news/training-opp/default.aspx?id=14968&langTag=mk-MK

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива