Презентација за проектот „Претприемачко учење за млади“

На 28-ми март 2017, со почеток во 12 часот, во ЕУ инфо центарот се одржува презентација на проектот „Претприемачко знаење кај младите“ финансиран од Европската унија, преку Еразмус+ програмата, имплементиран од Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT ANONYMOS ETAIREIA PAROCHIS YPIRESION LOGISMIKOU.
 
Проектот ќе понуди неформални активности на 60 млади луѓе – 20 од Македонија, 20 од Романија и 20 од Грција, со цел развивање на трансферзални и претприемачки вештини.
 
Проектот ќе креира простор во којшто 60-те млади постојано ќе ги развиваат претприемачките способности и ќе се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им го пренесат своето знаењето во однос на организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси.
 
Настанот е одлична можност да дознаете како може и вие да се вклучите.
 
Сите заинтересирани треба да го потврдат своето присуство на k.kostovski@cefe.mk или на 078 241 181, најдоцна до 24-ти март 2017 (сабота).

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива