Отворен повик за аплицирање на десеттото издание на проектот ЛИДЕР

Македонија2025 го отвори повикот за аплицирање на десеттото издание на проектот ЛИДЕР во Македонија, организиран од страна на Ivey School of Business од 1991 година. Се работи за бесплатна 10-дневна МБА програма која им овозможува на претприемачите да развијат локални бизнис решенија кои ќе креираат нови можности во нивните заедници.

Оваа година ќе бидат доделени 40 целосни стипендии на најдобрите кандидати, кои ги вклучуваат предавањата, материјалите, како и освежувањето за време на паузите.
 
Кој треба да аплицира: Претприемачи, менаџери, сопственици на компании или пак млади професионалци кои делуваат локално, а размислуваат глобално и се детерминирани за реализацијата на одредена бизнис идеја.
 
Што ќе може да научите: Алатки за анализа, процеси на размислување и вештини за донесување одлуки кои се неопходни за да може да се соочите со предизвиците и да напредувате како претприемач и како менаџер.
 
Кога и каде ќе се одржи: Проектот ЛИДЕР ќе се одржи од 8-ми до 19-ти мај, секој работен ден, од 12 до 16 часот, во Дипломатик сала на Скопски саем.
Официјални сертификати ќе бидат доделени само на учесниците кои ќе присуствуваат на најмалку 8 денови на работилницата.
 
Тука може да погледнете видеа за искуствата на некои од минатогодишните учесници.
 
За да аплицирате треба да ги доставите следните документи на elena@macedonia2025.com:
- Пополнета апликација во PDF формат, достапна тука
- Биографија – максимум 200 зборови (може да пронајдете пример тука)
- Ваша колор фотографија  
 
Рокот за аплицирање е 31-ви март, 2017 година.
Забележна: Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива