​Доделени десет грантови преку повикот за финансирање на граѓанските организации во рамки на проектот „Заедно за успех“

Вчера, 22-ри март 2017 година (среда), со почеток во 12:00 часот, се одржа информативен ден на кој учествуваа претставниците на граѓанските организации – грантисти во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од Европската унија. На повикот за доделување грантови на граѓанските организации за поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички групи објавен на 5-ти декември 2016, со рок за аплицирање до 20-ти јануари 2017, пристигнаа 47 апликации од различни проектни конзорциуми, односно аплицирале околу 100 граѓански организации.

Поддржани се 10 проекти и вкупно 23 граѓански организации. Во првата приоритетна област – Подобрување на условите за развој на претприемништвото е поддржан еден проект, додека во втората – Интегрирање на претприемачи од немнозински етнички заедници во програми за поддршка и вмрежување, се поддржани 9 проекти. Распределеноста на локалните акции е во следните региони: Скопски (4), Пелагониски (2); Источен (2); Полошки (1); Југозападен (1).

Периодот на имплементација на проектите трае од 15-ти март 2017, заклучно со 15-ти септември 2017 година. Преку проектот „Заедно за успех“ и Мрежата за поддршка на млади претприемачи (www.yes-network.org) ќе се дисеминираат известувања за тековните можности за вклучување во локалните акции.

Прочитајте повеќе за проектите чија успешна реализација значително ќе придонесе кон развојот на локалното младинско претприемништво преку јакнење и унапредување на меѓуетничката соработка и заедничкото застапување на младите претприемачи од немнозинските етнички групи.
 
Апликант Ко-апликант(и) Име на проект Регион
Здружение Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење – Скопје Здружение на мултиетничко општество за човекови права – Штип Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип Источен (Општина Штип)
Главната цел на проектот е да се зајакнат способностите за вмрежување и соработката со локалната самоуправа и да се поттикне социјална инклузија на младите Роми преку интеграција со млади Македонци и иновативна едукација низ игра за социјално претприемништво. Проектот предвидува работилница за градење на капацитетите на граѓанските организации, обука за социјално претприемништво низ метод на игра и настан за вмрежување.
Здружение на граѓани Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика“ – Скопје Центар за ромска заедница „ДРОМ“ – Куманово Успешни во единство
 
Скопски (Општина Гази Баба, Општина Бутел и Општина Ѓорче Петров)
Главната цел на проектот е да се придонесе кон градење на свеста на младите претприемачи за потребата од групно застапување на нивните ставови и барања пред креаторите на политики на локално и национално ниво. Главни активности на проектот се спроведување анализа на поддршката која младите претприемачи ја добиваат на локално ниво во Општините Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров, изготвување студија за организирано застапување на младите претприемачи, организирање настани за вмрежување со бизнис секторот како и изготвување на програма за следење и менторирање на млади во процесот на застапување.
Здружение за рурален развој Локална акциона група Агро Лидер – Кривогаштани Здружение на граѓани Хуманост кон младите – с. Десово, Долнени Општинска стратегија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници Пелагониски (Општина Долнени)
Главната цел на проектот е подобрување на условите за развој на претприемништво во Општина Долени преку развој на локална општинска стратегија за младинско претприемништво. Проектот исто така предвидува и јакнење на капацитетите на потенцијални идни претприемачи од немнозински етнички заедници и на граѓански организации на локално ниво.
Организација на жените Турчкинки од Македонија „Дерја“ – Скопје Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“ – Скопје  Креирање на политики за
претприемништво кај
младите од
немнозинските заедници
во Општина Чаир
Скопски (Општина Чаир)
Главната цел на проектот е да се придонесе кон подобрување на вработеноста и поддршка на претприемништвото во Општина Чаир кај жените од немнозински етнички групи преку организирање на обуки и работилници за јакнење на капцитетите и настани за вмрежување.
Младински културен центар – Битола Центар за развој на ромската заедница „Баирска светлина“ – Битола Активно учество во намалување на младинската невработеност кај Ромите Пелагониски (Општина Битола)
Главната цел на проектот е поттикнување на институционална соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти на полето на младинската невработеност кај млади од немнозински етнички групи. Проектот предвидува зголемување на активно граѓанско учество во планирање и креирање на локални политики и локални стратешки документи. Како главни активности на проектот се издвојуваат креирање на локална стратегија за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво, спроведување на истражување и креирање на меѓусекторска работна група.
Здружение за рурален развој „Јавор“ – Зрновци Здружение на производители и потрошувачи на  органски производи „Овчеполски еко производи“ – с. Мустафино
и
Здружение на граѓани „Подобра иднина“ – Пробиштип
Заедно сме посилни Источен (Општина Зрновци, Општина Свети Николе и Општина Пробиштип)
Главната цел на проектот е јакнење на претприемништвото кај младите лица од ромска, турска и влашка националност во руралните средини во општините Зрновци, Св. Николе и Пробиштип. Специфични активности кои ќе бидат спроведени во рамки на проектот се организирање обуки за млади лица за отпочнување сопствен бизнис, воспоставување на 6 фокус фарми кај потенцијални претприемачи за извршување на теоретска и практична обука за пластеничко производство на органска храна, вмрежување на производители и бизнис секторот од целните општини како и јакнење на институционалниот капацитет на организациите партнери во проектот.
Здружение на бизнис жени – Скопје Здружение за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ – Кичево Економска инклузија на младите Ромки во Општина Кичево Југозападен (Општина Кичево)
Главната цел на проектот е јакнење на капацитетите и економската инклузија на младите Ромки преку обуки, советување и менторство, вмрежување на младите ромки претприемачи меѓусебно и со претприемачи од други етнички заедници како и воспоставување на соработка и мрежа за поддршка и менторство со бизнис секторот. Проектот исто така предвидува и квантитативно и квалитативно истражување на потребите на целната група, таргетирани обуки и работилници, поврзување на младите Ромки со институции, граѓански организации и бизнис секторот, преку мрежа за соработка, поддршка и менторство.
Здружение на граѓани за развој на демократија – Иницијатива за европска перспектива Здружение на граѓани „Агора“ Центар за промоција на граѓански вредности Развој на потенцијали за
младинско
претприемништво преку
меѓуетничка соработка
на локално ниво
Полошки (Општина Брвеница и Општина Врапчиште)
Главната цел на проектот е зајакнување на социјалната и економската вклученост и развој на мултикултурна и мултиетничка демократија помеѓу младите од различни етнички заедници во Општина Брвеница и Општина Врапчиште. Проектот предвидува работилница за претприемништво и мерки за вработување наменета за млади лица, изготвување на документи за подобрување на ЛЕР стратегиите на двете општини, менторство и консултативни средби за водење бизнис.
Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал – Скопје Здружение Институт за меѓународни и политички студии – Скопје Solve it! – Школа за социјално претприемништво Скопски (Општина Гази Баба и Општина Чаир)
Главната цел на проектот е да се унапреди знаењето и вештините на младите идни социјални претприемачи, кои доаѓаат од различни етнички заедници, со акцент на немнозинските претприемачи, на територија на Општините Чаир и Гази Баба преку вмрежување, взаемно неформално учење и градење на капацитетите на граѓанските организации и локалните самоуправи. Во рамки на проектот ќе се спроведе Solve it! - Школа за социјално претприемништво со 15 ученици, ќе се реализираат 7 работилници за социјално претприемништво, обука за развој на вештини за вмрежување меѓу невладини организации, бизнис сектор и јавни институции, а ќе бидат аплицирани и 3 идеи на Social Impact Award – Наградата за социјално претприемништво.
ЗИП Институт за политики и добро владеење – Скопје Здружение на граѓани Институт за истражување на политики и добро владеење Здружени – Различни – Претприемачи Скопски (Општина Ѓорче Петров и Општина Сарај)
Главната цел на проектот е вмрежување на средношколци и чираци преку креирање на мрежа од млади претприемачи, обуки за водење бизнис и реализирање на бизнис план натпревар. Проектот предвидува изработка на смартфон апликација со профили на претприемачи, обуки, студиски посети, субвенционирање на регистрација на најдобар бизнис план и брендирање на 2 иновативни бизниси/занаети.
 
 

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива