Промоција на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“

И годинава ПСМ Фондација зеде активно учество на саемската манифестација „Денови на образование и кариера 2017“ одржана од 6-8 април на Скопски саем и оствари успешно претставување на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија пред посетителите на саемот. 
Голем број на млади лица како и претставници од граѓанскиот сектор неуморно ги истражуваа сите проектни можности презентирани на овогодинешните Денови на образование и кариера и дополнително се регистрираа за добивање на тековни информации за проектните активности. 

Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ има за главна цел да ги вклучи младите во процесот на одлучување и поставување на механизми за долгорочен развој и имплементација на локалните младински политики. Проектот цели и да ја зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики со цел дефинирање на мерки кои придонесуваат кон подобрена социоекономска положба на младите во државата.


Проектните активности ќе траат од ноември 2015 до мај 2017 година, а се имплементираат од страна на партнерските организации ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар.

Повеќе информации може да најдете на:
www.yes-network.org
www.facebook.com/yesnetworkmk

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива