Промоција на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“

Годинава ПСМ Фондација беше дел од третиот Саем за вработување и пракса „Контакт“ кој се одржа од 19 - 21 април во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, во организација на студентските парламенти на ФЕИТ и Факултетот за информатички науки и комуникацики технологии (ФИНКИ).
Пред повеќе од 2000 студенти - посетители на Саемот,  ПСМ Фондација беше една од организациите кои  ја имаа можноста да бидат дел од овој настан и истата оствари успешна презентација на проектните активности и можности кои призлегуваат од  проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија. 
Воедно, заинтересираните студенти беа запознаени со целта на овој проект и со импактот кој тој го создава во современото општество, а дел од нив беа и видно инспирирани за превземање на сопствени иницијативи во областа на младинските политики.
Крајната временска рамка за реализација на овој проект е  мај 2017 година. По тој повод, заинтересираните посетители беа известени и поканети за учество на финалната конференција во о. Пробиштип, на која ќе бидат презентирани најдобрите пракси од проектот, со цел да се  поттикне развојот на локалните мерки за младински политики.

Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ цели да ја зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики со цел дефинирање на мерки кои придонесуваат кон подобрена социоекономска положба на младите во државата.

Имплементатори на проектот се партнерските организации ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар.

Повеќе информации може да најдете на:
www.yes-network.org
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива