Мрежата го промовираше Акцискиот план и одржа инфо сесија за отворениот Конкурс за доделување грантови

На 15-ти април 2015 година (среда) со почеток во 12:00 часот во Конгресниот центар на Скопски саем, Мрежата за поддршка на млади претприемачи (YES Network) го промовираше Акцискиот план и одржа информативна сесија за тековниот Конкурс за доделување грантови на граѓанските организации кои работат во областа на младинското претприемништво. На настанот присуствуваа повеќе од 40 претставници на невладини и владини организации и институции кои работат на полето на младинско претприемништво, претставници на локалната самоуправа, бизнис и академскиот сектор од повеќе различни градови од Македонија.

Акцискиот план на Мрежата (достапен тука: http://www.yes-network.org/izveshtai-i-dokumenti/) претставува повеќегодишен план за реализација на мерки кои ќе допринесат за развивање на младинското претприемништво во Македонија, а ќе бидат имплементирани од страна на основачите на Мрежата преку партнерства со владини институции и граѓански организации.

Конкурсот за доделување грантови (достапен тука: http://www.yes-network.org/izveshtai-i-dokumenti/) за финансирање на програми и проекти на граѓански организации во областа на претприемништвото за млади за 2015 година е објавен на 03.04.2015, а крајниот рок за поднесување на пријави е до 20.04.2015 (понеделник), до 16:00 часот. Присутните организации кои планираат да поднесат апликација за конкурсот, имаа можност дополнително да се информираат за критериумите и условите за аплицирање. Настанот претставуваше и одлична можност за креирање на нови партнерства, јакнење на контактите и соработка при креирање на идни проекти кои ќе придонесат за зголемена економска активност и стимулација за развој на претприемништво на локално ниво.

Галеријате на фотографии од настанот е достапна тука: http://www.yes-network.org/galerija1-info-day/

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива