Отворен е натпреварот за најдобри пракси 2015 на YESNetwork!

YESNetwork - Натпревар за најдобри пракси 2015

Краен рок за поднесување пријави: 15 август 2015 година

Мрежата за поддршка на млади претприемачи (YESNetwork) ги повикува граѓанските организации кои активно се занимаваат со промоција и развој на младинското претприемништво и/или економското јакнење на младите да земат учество во Натпреварот за најдобри пракси - YESNetwork Best Practice competition 2015. Споделете го вашето искуство со нас, а мрежата ќе овозможи дисеминација и експлоатација на идентификуваните и одобрени добри пракси преку различни канали, вклучувајќи публикации, билтени, настани, работилници и слично. Воедно за 3те финалисти следува и парична награда во висина од 1000 евра. Подетални информации за натпреварот и пријавата за истиот се достапни на овој линк: http://www.yes-network.org/izveshtai-i-dokumenti/

 
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАТПРЕВАРОТ
  • Право на учество имаат граѓански организации регистрирани во Република Македонија согласно законот за здруженија и фондации.
  • Секоја организација може да пријави максимум една потенцијална добра пракса.
  • Пријавата треба да се испрати по електронски пат на info@yes.org.mk и mir@mir.org.mk најдоцна до 15.08.2015.
 
ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА
  • YESNetwork ќе номинира комисија за избор одговорна за валидација и евалуација на пристигнатите апликации.
  • Валидираните добри пракси ќе бидат прогласени до 25.08.2015 и објавени на интернет страницата на мрежата (www.yes-network.org), а ќе бидат промовирани и преку YESNetwork прирачникот - „Иновативни идеи за поддршка на младинското претприемништво”.
  • 3те највисоко рангирани добри пракси ќе бидат избрани за YESNetwork најдобри пракси за 2015та година на кои мрежата ќе им додели парична награда во висина од 61500 денари.
  • Врачувањето на наградите ќе се одржи во рамките на конференцијата „YESNetwork 2015 – Дисеминација на добри пракси” (01-02 септември 2015, Скопје) при што трите финалисти ќе ги претстават најдобрите пракси преку кратка презентација (5-10 минути).
 
КРИТЕРИУМИ
  • Релевантност од аспект на активностите на мрежата
  • Квалитет
  • Иновативност
  • Импакт
  • Преносливост/адаптибилност

Контакт:
Мрежа за поддршка на млади претприемачи
Youth Entrepreneurship Support Network (YESNetwork)
E-mail: info@yes-network.org, mir@mir.org.mk
телефон: 02 3077 008, 02 3103 660

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива