Обука за претприемништво и самовработување, чекор во процесот на креирање општинска стратегија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници во Пелагонискиот регион

На 28-ми и 29-ти април 2017, во хотелот Тино – Св. Стефан Охрид, се одржа работилницата „Претприемништво – како до успешен бизнис“, како дел од проектот „Општинска стратегија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници“. Овој проект е субгрантиран во рамки на јавниот повик за финансирање проекти на граѓанските организации во областа на унапредување на меѓуетничката соработка и младинското претприемништво, објавен преку проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014. Проектните активности се насочени кон – подобрување на условите за развој на претприемништвото, првата приоритетна област во рамки на јавниот повик.
 
Одржувањето на обуката ја претставува едукативната компонента на проектот „Општинска стратегија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници“, кој го имплементираат здружението на граѓани „Локална акциона група Агро Лидер“ (координатор) од Кривогаштани и „Хуманост кон младите“ (партнер) од село Десово, Долнени. На обуката учествуваа 18 млади лица – идни претприемачи, на возраст од 18 до 30 години, од општина Долнени и Крушево, со мешана етничка припадност - Македонци, Албанци, Власи, Бошњаци, Турци и двајца претставници од проектниот тим.
 
Обуката ја одржа проф. д-р Благица Сековска, професор и експерт во рурална економија и претприемништво. Младите ги зајакнаа своите капацитети во процесот на (само)вработување преку презентации „од идеја до реализација“ и работа во групи во текот на првиот ден од обуката, на кој учествуваа и претставници од Фондацијата за Претприемачки сервис за млади од Скопје, координатор на проектот „Заедно за успех“, воедно и ментор на здруженијата кои го имплементираат локалниот проект.
 
Во текот на вториот ден од обуката, во сабота на 29-ти април, учесниците се посветија на практична изработка на бизнис план, преку процесот на бизнис планирање, анализа на одржливоста на нивните бизнис модели, како и презентација и евалуација на сработеното во текот на двата дена од обуката. Оваа проектна активност им претходи на очекуваните форуми преку кои ќе се идентификуваат проблемите, приоритетите и предизвиците на младите лица од немнозинските етнички заедници во Општина Долнени. Форумите ќе вклучат млади лица (претприемачи) од претходно спомнатите немнозински етнички заедници, маргинализирани групи и подеднаква родова застапеност, со цел на сите да им се овозможи да дадат свој придонес кон креирањето на работна верзија на пишан документ, кој понатаму ќе се развива во општинска стратегија за развој на младинско претприемништво.
 
Повеќе за активностите во рамки на проектот „Општинска стратеија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници“, спроведуван од здружението на граѓани „Локална акциона група Агро Лидер“ (координатор) од Кривогаштани и „Хуманост кон младите“ (партнер) од село Десово, Долнени, може да пронајдете на следните линкови:
http://lagagrolider.mk/index.php/proekti-lag-agro-lider
https://www.facebook.com/lagagrolider/
 
Додека пак повеќе за останатите локални акции финансирани од Европската унија, преку грантовата шема на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, кои се спроведуваат на територијата на целата земја, може да дознаете на следниот линк:
http://www.yes-network.org/vest-statija/45682/dodeleni-deset-grantovi-preku-povikot-za-finansiranje-na-gragjanskite-organizacii-vo-ramki-na-proektot-zaedno-za-uspeh

Галерија