ПСМ Фондација – Регионален центар со отворен инфо пулт за деловна поддршка на претприемништвото

Започнувајќи од март годинава, во рамки на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на МСП во 2017год, ПСМ Фондација стана Регионален центар во Републиката за реализација на програмската активност „Инфо пулт”.

Информативни услуги, поддршка при имплементација на програми за помош, информирање и советување на МСП, како и други активности кои претставуваат основа за истражување на потребите на претприемачите со цел креирање на мерки и инструменти за побрз развој на МСП, во периодот од март до октомври годинава ќе бидат обезбедени од страна на Претприемачкиот сервис за млади за сите клиенти од редовите на МСП како и за сите невработени лица-потенцијални претприемачи, односно основачи на сопствен бизнис.

Заинтересираните, за сите потребни информации може да се обратат на 02 3 103 660, на e-mail contact@yes.org.mk, или да повелат директно во просториите на Фондацијата, секој работен ден од 10.00-11.00ч.

Во продолжение се дел од информативните услуги кои Регионалниот центар ќе ги овозможува на клиентите:
Информирање за можните форми и институции за обука на претприемачи:
 
- Информации од областа на деловната помош и финансирање;
- Информации за потенцијалната консултантска помош за решавањето на конкретните проблеми во работењето;
- Информации за можностите за инвестирање во регионот, извозните можности, бизнис контакти и други информации и   совети;
- Информации за можностите за учество и аплицирање во домашни, странски и меѓугранични проекти;
- Информации за извори за финансирање;
- Информации за саеми, трговски мисии и бизнис форуми во земјата и странство;
- Информации за потенцијалите на регионот;
- Други деловни информации и интернет истражувања.