Промоција на Мрежа за поддршка на млади претприемачи и локалните акции на проектот „Заедно за успех“ за време на Денови на образование и кариера 2017

Од 6-ти до 8-ми април 2017 година, за време на 20-тите интернационалните Денови на образование и кариера, на Скопскиот саем, Фондацијата за Претприемачки сервис за млади (ПСМ Фондација) ги претстави своите тековни активности и проекти, отворените можности за млади луѓе, како и палетата услуги кои ги нуди преку ПСМ бизнис инкубатор.
 
Пред стотиците посетители на саемската манифестација, во текот на трите дена, беа споделени информации и за тековните локални акции финансирани од Европската унија, кои се имплементираат преку повикот за субгрантирање во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, исто така финансиран од Европската унија.
 
Публиката која најмногу броеше млади луѓе, студенти, академски работници, како и претставници на граѓанскиот сектор, активно ги истражуваа сите проектни можности кои беа презентирани на овогодинешните Денови на образование и кариера и исто така се регистрираа за добивање на тековни информации преку каналите на ПСМ Фондација, меѓу кои и Мрежата за поддршка на млади претприемачи.
 
Локалните проектни акции поддржани преку проектот „Заедно за успех“ се имплементираат од 15 март, заклучно со 15 септември 2017 година на територијата на Република Македонија. Деталните информации за поддржаните проекти кои се насочени кон подобрување на мултиетничката соработка во контекст на унапредување на младинското претприемништво, може да се најдат на следниот линк:
http://www.yes-network.org/vest-statija/45682/dodeleni-deset-grantovi-preku-povikot-za-finansiranje-na-gragjanskite-organizacii-vo-ramki-na-proektot-zaedno-za-uspeh

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива