Покана за дебата: Нов патоказ за развој на граѓанското општество

Проектот Техничка поддршка за граѓанските организации - ТАКСО и Делегацијата на Европската унија во Скопје организираат форум за дебата на тема „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“ кој ќе се одржи на 7-ми јуни во Скопје. 

Форумот има за цел да обезбеди простор за дискусија за клучните предизвици на граѓанските организации во тековниот контекст. Форумот би требало да поттикне промена во културата на граѓанските организации, зголемување на нивната сопственост и проактивен пристап кон креирање поволно опкружување за нивно функционирање и подобрување на нивната отчетност, транспарентност и одговорност кон своите конституенти.

Отворениот повик за учество на дебатата е достапен на: http://tacso.org/news/training-opp/?id=15239

Краен рок за пријавување е 2-ри јуни 2017 година.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива