Одржана промотивна конференција за проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“

На ден 21.06.2017 година во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа промотивната конференција за проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“.

Конференцијата ја отвори г-н Никола Бертолини - претставник од Делегација на Европската Унија, а потоа Софија Цали Кузманова - проектен менаџер и претставник на ПСМ Фондација го презентираше проектот, главните цели и активностите кои ќе следат. На конференцијата учествуваа претставници од граѓанскиот сектор, претставници од јавните институции како и од Делегацијата на ЕУ.

Преку имплементација на активностите, проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.


Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2015.​

Проектот ќе трае од мај 2017 до мај 2019 година, а го имплементираат проектните партнери Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“-Зрновци.
 

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива