​Тридневно славење на различноста - Декада на припадноста

Фондацијата за Претприемачки сервис за млади (ПСМ Фондација) се придужи на креативната прослава на различноста во Струга, како координатор на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.
 
Преку учество на отворањето на Наш Фестивал (повеќе на: https://www.fb.com/events/1443080029121111/) на 25.07.2017 и промотивните штандови во Паркот на поезијата во Струга, со останатите грантисти во програмата: Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, приоритет 3: Промоција на подобрување на односите помеѓу заедниците, го поздравивме настанот организиран во рамки на проектот „Декада на припадност – славење на различноста“ од страна на колегите од програмата, Локална агенција за развој – Струга и „Креативни и aктивни“ – Струга. Проектите се финансирани од Европската унија.
 
Амбасадорот на Европската унија во нашата земја, г-динот Самуел Жбогар одржа говор како дел од отворањето на Наш Фестивал, по што следуваа пријатни разговори со посетителите на промотивните штандови во Паркот на поезијата, програмскиот офицер, како и со колегите-грантисти. На промотивниот штанд на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, се споделуваа информации за очекуваната национална кампања за претприемачи од различни немнозински етнички заедници - „И јас сум претприемач“, поддржана од Европската унија.
 
Претставниците на ПСМ Фондација, координатор на проектниот конзорциум во кој учествуваат и Фондацијата МИР, Фондацијата Евро Центар и НВО Милениум, споделуваа и дел од промотивните материјали за кампањата која ќе започне од септември 2017, како вовед во активностите. Преку промотивната кампања „И јас сум претприемач“ ќе се организираат 6 настани за вмрежување и соработка на претприемачи од немнозинските етнички заедници, во неколку различни градови. Воедно ќе се прикаже документарен филм за претприемачките искуства на младите луѓе од немнозинските етнички заедници низ целата земја, како дел од проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.
 
Летниот фестивал „Деката на припадноста – славење на различноста“ се одржува во Струга од 25-ти до 27-ми јули 2017 година, со богата програма со настани, перформанси, дебати, проекции, работилници... Повеќе информации може да се пронајдат на:
www.ldastruga.org и https://www.facebook.com/ldastruga

Галерија