Заврши првиот ден од снимањето на документарниот филм „И јас сум претприемач“

На 11.07.2017 година заврши првиот ден од снимањето на документарниот филм „И јас сум претприемач“. Во филмот учествуваат претставниците на сите партнерски козорциуми составени од граѓански организации чии локални проектни акции се финансирани од Европската унија преку грантовата шема на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“. 

Документарниот филм е дел од националната промотивна кампања „И јас сум претприемач“ која ќе започне во септември 2017 година и ќе вклучи 6 настани за вмрежување на претприемачи од немнозински етнички заедници низ целата земја, како и прикажувањето на филмот за претприемачките искуства од територијата на целата земја.

Снимањето го изведуваше професионална филмска екипа во просториите на ПСМ бизнис инкубаторот во Скопје. Споделуваме само дел од фотографиите од незаборавното искуство за сите млади постоечки и потенцијални претприемачи од различни немнозински етнички заедници, како и претставниците на граѓанскиот сектор кои поминаа одличен ден со членовите на филмската екипа и проектниот конзорциум.

Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ е финансиран од Европската унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014.

Галерија