Јавен повик: Мрежа за финансиска одржливост на граѓанските организации

Проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската унија, а спроведуван од Конект, Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика воспоставува мрежа на граѓански организации што ќе делува за подобрување на околината за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор.
 
Се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации да учествуваат во воспоставувањето и во работата на мрежата. Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации е неформална коалиција за застапување за промени во регулативата што се однесува на даночниот третман и финансиското работење на овие организации. Целосниот повик можете да го најдете на следниов линк.
 
Заинтересираните граѓански организации е потребно да пратат целосно пополнет формулар (превземете тука) и документи за поткрепа (ако е применливо) најдоцна до 27.09.2017 до здружение Конект во електронска форма на konekt@konekt.org.mk  или во хартиена верзија во канцелариите на ул. „Владимир Полежиновски“  19-1/6, 1000 Скопје.
 
За повеќе информации јавете се на 02/ 3224 198.  По процесот на проверка на формуларите организациите ќе бидат информирани и ако е соодветно ќе им биде доставена официјална пристапница кон мрежата.