Мотивациски викенд, настан за мотивација, инспирација, вмрежување и успех

Веќе четврта година по ред, „Младите можат“ (Youth Can) го резервираат последниот викенд од месец септември за нивниот препознатлив Мотивациски викенд - настан за мотивација, инспирација, вмрежување и успех.

На 30 септември и 01 октомври епицентарот на огромен број млади кои се на прагот на остварување на своите соништа ќе биде салата Империјал во Македонска опера и балет, со почеток во 16:00 часот.

Ќе може да слушнете осум говорници кои ќе го претстават својот пат до успехот и да учествувате на четири работилници на кои ќе се стекнете со вештини за токму вие да зачекорите кон успехот и можност за остварување на контакти. 

Настанот е од отворен карактер за сите млади луѓе кои сакаат да го почувствуваат мотивацискиот пулс и не е потребно претходно пријавување.

Повеќе може да дознаете на овој линк: https://www.facebook.com/events/148460045749404/