Избрани победниците на натпреварот за социјално претпријатие

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) организираше натпревар за најдобра идеја за социјално претпријатие, како дел од проектот СПИР – Социјално претприемништво за инклузија на Ромите. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија во рамките на грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија и вработување на локално ниво“ EuropeAid/136315/ID/ACT/MK како дел од оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV).

Финалето на натпреварот се одржа на 24.10.2017 година во просториите на Канцеларијата за социјално претприемништво (ПСМ инкубатор). Тимовите од максимум 5 члена од ромска етничка заедница кои се пласираа во финалето ги презентираа своите бизнис идеи пред симулиран борд на инвеститори (стручно жири), кое низ процес на селекција ги избра најдобрите три тима, и тоа:
  • Прво место освои тимот со бизнис идејата: „Списание и уметност“;
  • Второ место освои тимот со бизнис идејата: „Градежно внатрешно уредување“;
  • Трето место освои тимот со бизнис идејата: „Облека за деца“.
Победничките тимови ги освоија следните награди:
  • Прва награда (награден фонд во противвредност од 700 евра која се состои од 300 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти);
  • Втора награда (награден фонд во противвредност од 600 евра која се состои од 200 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти);
  • Трета награда (награден фонд во противвредност од 500 евра која се состои од 100 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти).
На наградените тимови им ја честитаме победата и им посакуваме успешна практична реализација на нивните социјални претпријатија.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива