Хакатон за зголемување на креативноста во образованието

Лабораторијата за социјални иновации - СмартАп во склоп на конференцијата „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“ (Quality Education for Growth, Achievements and Better Future), чии носители се Владата на Република Македонија, Министерството за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, во периодот од 4-ти до 6-ти декември организира тридневен образовен хакатон за поттикнување на креативност во образованието со цел креирање прототип решенија на некои од многуте образовни предизвици. 
 
Бидејќи постојано се зборува за потреба од промени во образованието, веруваме дека ова е одлична можност за остварување заеднички придонес кон подобрување и зајакнување на квалитетот на образованието во нашата земја.

Формулар за аплицирање може да најдете на следниов линк, ова е агендата за хакатонот, како и линк до Facebook настанот и web-страната со повеќе информации.