​Информативна трибина за млади и младинско учество во ЕУ Инфо центар

Младиинфо ве покануваат на информативната трибина „Преглед на состојбата на младите во Македонија низ индикатори за младинско учество”, која ќе се одржи на 22-ри декември 2017 година (петок) во просториите на ЕУ Инфо центарот, со почеток во 11:00 часот.

Учесниците на средбата ќе разговараат и ќе ја презентираат ситуацијата на младите во Македонија низ призмата на политичката, економската и социјалната вклученост.

Во текот на настанот ќе имате можност да слушнете детална презентација за повик за проектни апликации со кој се нуди финансиска поддршка и обуки за граѓански организации кои работат во полето на застапување за младинска инклузија.

За агенда и дополнителни информации, погледнете го настанот на Фејсбук:
https://www.facebook.com/events/1900875956619709/  

Вашето присуство може да го потврдите најдоцна до 21-ри декември 2017 година (четврток) на пладне, со испраќање порака до Марија Матовска, marija@mladiinfo.eu.