Поддршка и обуки за вработување на млади лица до 29 години

По одржувањето на трибината „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“ во хотелот Парк во Скопје на 15-ти септември 2017, претставниците на Агенцијата за вработување на Република Македонија го споделија следниот допис за сите претприемачи, млади луѓе кои сакаат да започнат сопствен бизнис, како и сите заинтересирани за мерките кои беа презентирани за време на трибината. Настанот беше дел од истоимената промотивна кампања „И јас сум претприемач“ за промоција на младинското претприемништво и мултиетничка соработката помеѓу претприемачите од различните немнозински етнички групи, како и овозможување вмрежување и отворена дискусија за поддршка од релевантните институции и организации, во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.

Ве информираме дека имате можност да се вклучите во бесплатните обуки наменети за млади, невработени лица до 29 години, кои се спроведуваат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, а во рамки на постојната имплементација на нивниот проект „Поддршка за вработување на млади“ финансиран од Европската унија, и тоа:

Обука за подготовка за вработување и вештини за барање работа
 
Целта на овие обуки е да им се овозможи на младите лица, првенствено да се мотивираат активно да се вклучат во пазарот на трудот, а истовремено да совладаат вештини и знаења кои би им биле од корист при барањето работа. Обуката има два модули во зависност од предходно извршената категоризација на невработените лица согласно индивидуалниот план за вработување. Обуките се спроведуваат од страна на реномирани експерти од оваа област и траат од два до четири дена. 
 
Обука и советување за претприемништво
 
Преку оваа обука ќе имате можност вашата бизнис идеја да ја формиулирате во бизнис план кој ќе го изработите со поддршка на консултати кои имаат долгогодишно искуство во оваа област. Обуката ќе ви помогне да се стекнете со вештини од областа на претприемништвото и да изработите бизнис план, кој ќе може да го поднесете и да аплицирате во програмата за самовработување за грант до 4.000 евра.

Обука за напредни ИТ вештини
 
Преку обуките за напредни ИТ вештини ќе се стекнете со знаење и вештини од областа на информациската технологија. Во моментот има можност за учество на следните програмски јазици: JAVA и ISTQB. Со завршувањето на овие обуки ќе имате можност да се стекнете со меѓународно признаен сертификат. 
 
Поканата е отворена за сите заинтересирани кои може да се обратат и пријават за учество во една или повеќе од горенаведените обуки во Центарот за вработување во град Скопје.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива