Мотивациски настан за претприемачи и премиера на документарниот филм „И јас сум претприемач“

На 13-ти ноември 2017, во Кинотеката на Македонија, во Скопје, се одржа мотивациски настан посветен на претприемачите, за време на кој премиерно беше прикажан документарниот филм „И јас сум претприемач“. Филмот е дел од истоимената кампања за зголемување на мултиетничката соработка преку промоција на претприемништвото, вмрежување и споделување успешни локални искуства од целата земја. Настанот со наслов „Зошто претприемачите се посебни?” воедно е дел од Глобалната недела на претприемништво 2017.

Премиера ја проследија повеќе од 70 млади луѓе, претприемачи, претставници на граѓанскиот сектор и релевантни институции за поддршка на развојот на претприемништвото. Во снимањето на филмот, пак, учествуваа 11 претприемачи од различно етничко потекло, и 10 претставници на граѓанскиот сектор кои спроведоа локални акции за нивна поддршка. Сите активности се дел од проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.

Настанот, кој го организираше Фондацијата МИР, партнер во проектот „Заедно за успех“, е трет од серијата шест настани за вмрежување – дел од кампањата „И јас сум претприемач“, кои се одржуваат до крајот на 2017 година. Досега се реализираше трибина „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“, форум „Мерки за поттикнување на претприемништвото кај немнозинските етнички групи“ организиран во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Следува настан посветен на женското претприемништво и два бизнис-кафе настани.

Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” e финансиран од Европската унија, a го имплементираат Фондација Претприемачки сервис за млади (Фондација ПСМ), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување (Фондација МИР), Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.
 

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива