Доделени се грантови на осум граѓански организации во областа на преговарачко Поглавје 20

На повикот за доделување на грантови на граѓански организации од областа на преговарачкото Поглавје 20 за членство во ЕУ – Претпријатија и индустриска политика, во рамки на проектот: „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, аплицираа вкупно 57 граѓански организации со предлог-проекти.

Избрани се осум национални проекти кои ќе бидат финансирани преку грантовата шема на проектот. 


 
  Организација Наслов на проект Приоритет
  1 Асоцијација за менаџмент консалтинг МКА 2000 Партнерство за успешноста на инструментите за поддршка на МСП Приоритет 3: Подобрување на конкурентноста и иновативноста на МСП
   2 Здружение на бизнис жени Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатија во сопственост на жени Приоритет 2: Подобрување на дијалогот со бизнис заедницата
   3 Здружение на инкубатори за деловно-консултантски
услуги „Бизнис инкубатор Гевгелија“
Усвојување на добри практики за примена на директивата за задоцнети плаќања Приоритет3: Подобрување на конкурентноста и иновативноста на МСП
   4 Рурална коалиција Куманово Стратешкиот развој на руралниот туризам - основа за комплементарно поврзување и надополнување на инд.политика и одржливиот развој на Р.Македонија Приоритет 6: Унапредување на капацитетите за креирање, имплементација и следење на програмите за туризам
   5 Здружение институт за стратешки истражувања и едукација Преку проценка на влијанието на регулативата на занаетчиската дејност до подобрување на деловната клима во Македонија Приоритет 1: Подобрување на деловната клима за креирање на нови бизниси
   6 Здружение Национален центар за развој на иновации
и претприемачко учење
Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики - студија на случај: машински и металопреработувачки сектор Приоритет 5: Анализа на специфични сектори
   7 Фондација за развој на мали исредни претприемништва ЕУ Деск за иновативни финансиски пакети за подобра искористеност на европските фондови Приоритет 4: Обезбедување подобар пристап на МСП до финансиски услуги
   8 Здружение на граѓани Центар за европско применето
право  и економија
Финансиска инструменти за МСП - Анализи и нови решенија за подобрување
Приоритет 4: Обезбедување подобар пристап на МСП до финансиски услуги

Вкупниот фонд на грантовата шема изнесува 3.688.866 денари (60.000 евра).  

Целта на имплементацијата на оваа грантова шема е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики и за поддршка на реформите во Поглавје 20, како и да се промовираат нови пристапи, механизми и инструменти од областа на претприемништвото и индустријата на локално и национално ниво. Воедно, ќе се придонесе кон зголемувањето на свеста за важноста на Поглавје 20 во процесот на пристапување кон ЕУ.