Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови „Декада на припадност“

Проектот „Декада на припадност - славење на различностите“ финансиран од Европската унија, преку програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, а спроведуван од страна на Локалната агенција за Развој - Струга (координатор) и Здружение на граѓани „Креативни и Активни“ од Струга отвора јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови.
 
Грантовите ги поттикнуваат локалните граѓански организации да допринесат за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, носителите на одлуки, комисиите за односи меѓу заедниците и приватниот сектор. Истовремено, повикот ќе им овозможи на добитниците на грантовите да го зајакнат своето локално влијание, да покренат реални промени во нивните места на живеење и да поминат низ процес на директно менторирање каде ќе ги зајакнат своите капацитети.
 
Право на учество имаат сите заинтересирани домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации кои се регистрирани и работат во целните општини (Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Дебарца) најмалку една година пред објавата на овој повик. Посебно се охрабруваат партнерски проекти кои ги вклучуваат помалите етнички заедници.
 
Грантовите се доделуваат за следниве приоритети:
 
I. Подобрување на комуникацијата, дијалогот, социјализацијата меѓу различните етнички заедници;
 
II. Промовирање на меѓуетнички размени и соработки поврзани со животна средина, спорт, култура и уметност;
 
III. Зајакнување на свеста за стереотипите и нивно надминување.
 
Максималната сума за којашто може да се аплицира е 428.500 денари. Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 07 март 2018, само по електронски пат, на е-маил адресата dbstruga@gmail.com.
 
Целосниот повик и сите потребни документи се достапни на македонски и на албански јазик и можете да ги преземете од веб страните на Локална агенција за развој - Струга и Kreativ dhe Aktiv

За повеќе информации:
Локална агенција за развој - Струга
Телефон: 046 784 151
Е-mail: ldastruga@ldastruga.org
Веб страна: www.ldastruga.org
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива