Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови

Проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската унија, а спроведуван од Конект, Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика отвора јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување грантови. Грантовите го поттикнуваат прибирањето локални ресурси за иницијативите на ГО и зајакнувањето на меѓусекторските партнерства придонесувајќи за одржливоста на ГО, нивните иницијативи и резултати.
 
Право на учество имаат сите заинтересирани домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку една година пред објавата на овој повик. Посебно се охрабруваат помалите и „грас рут“ (grass root) ГО да аплицираат на повикот.
 
Грантовите се доделуваат во два вида поддршка:
  • Поддршка I: Проекти имплементирани со меѓу- секторско партнерство
Проекти спроведувани од ГО во партнерство со најмалку едно претпријатие и можност за други партнери од бизнис или други сектори. Партнерите на ГО ќе имаат специфична улога во проектот и ќе го поддржат со обезбедување на ресурси и директно вклучување за успешна имплементација.
  • Поддршка II: Модели за локално прибирање ресурси
Грантови за ГО за спроведување на модели за мобилизирање на локални ресурси за одржливост на нивните иницијативи и резултати.
 
Минималната сума за којашто може да се аплицира е 61.500 ден, а максималната 369.000 ден. Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 01.03.2018 до 16 часот. Целосниот повик и сите потребни документи преземете ги од www.konekt.org.mk.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива