Можност за платена пракса (повик до невработени лица, работодавачи и НВО)

Агенција за вработување во рамките на постојната имплементација на Оперативниот План за активни мерки 2017 и проектот „Поддршка за вработување на млади“ финансиран од Европската унија, објавува: Јавен оглас за учество во мерката Практиканство.

Огласот е отворен до 15-ти август 2017 година. Повеќе детали за условите и начинот за аплицирање (за работодавачите, НВО и за невработените лица до 29 години), за паричниот надоместок, како и потребните документи за аплицирање, може да ги најдете на линковите подолу: Проектот „Поддршка за вработување на млади“ е финансиран во рамките на оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента 4). Активностите на проектот директно придонесуваат во достигнувањето на целите од Оперативниот План за активни мерки за 2017 година.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива