Покана за завршен настан на проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“ 08.08.2017

Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) во рамките на проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“, поддржан од ИПА програмата на Европската унија во Македонија, ве покануваат на завршниот настан на проектот на 8-ми август 2017 година (вторник), од 11:00 часот во Голема сала на Занаетчиски дом во Куманово. 

Настанот има цел да ги претстави резултатите од овој 18-месечен проект наменет за младите невработени од Североисточниот плански регион (СИПР), со фокус на младите од руралните средини. Ќе бидат презентирани главните резултати и заклучоци од спроведените истражувања и анализи за пазарот на труд, научени лекции и претставување на предлог стратешки документ за овој регион.
 
Сите заинтересирани може да го потврдат присуството на ruralyouth2016@gmail.com или на 02 / 2444766.

Работен јазик на настанот е македонски и албански.

Агендата е во продолжение:
 
10:30-11:00 Регистрација на учесниците
11:00-11:20 Воведно обраќање
 
- Г-а Весна Гарванлиева Андонова, координатор на проект, Центар за економски анализи
- Претставник на Делегација на Европската унија
- Претставник на Одделение за мониторинг и евалуација на ИПА, МТСП
- Г-н Младен Протиќ, Раководител на Центарот за развој на СИПР
11:20-11:40 Пристапот на пазарот на труд, цели и постигнувања
 
- Г-а Весна Гарванлиева Андонова, ЦЕА, координатор на проект,
- Г-н Стеван Орозовиќ, ФФРМ - Презентација на наодите од проектот и искуствата за во иднина
11:40-12:00 Гости од локалната самоуправа на ЕЛС од СИРП
Предизвиците со невработеноста. 
Искуство и идни залагања.
 
Г-н Арсенчо Алексов, градоначалник на Општина Крива Паланка
Г-н Милован Стојковски, градоначалник на Општина Старо Нагоричане
Г-н Башким Амди, градоначалник на Општина Липково
12:00-12:10 Презентирање на предлог стратешки документ за СИРП регионот - Весна Гарванлиева Андонова
12:10-12:30 Искуствата на вклучените страни

г-н Мухедин Абази, работен клуб Општина Липково - Искуствата на локалните ментори во работните клубови
Г-н Ахмет Јашаровски, претседател на ДРОМ Куманово - Искуство, предизвици и научени лекции на практикант
Г-а Лилјана Симоновска  практикант во ДРОМ Куманово
12:30-12:50 Заклучоци, прашања и дискусија
12:50-13:30 Коктел и вмрежување
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива