Проектната канцеларија на ТАКСО во периодот од 5-ти до 7-ми јули 2017 година, во Скопје организира обука на тема „Подготовка на проектни апликации за ЕУ фондови“. Обуката има за цел кај учесниците да развие напредни знаења и вештини за подготовка на ЕУ апликации. Обуката ќе опфати теми како ЕУ програми за граѓанските организации, повици за грантови и насоки за апликанти, раководење со проекти и пристап на логичка рамка, пишување проект во образец за аплицирање.
Заинтересираните треба да испратат пополнета пријава на info.mk@tacso.org најдоцна до 27-ми јуни.
Повеќе информации се достапни на:
http://tacso.org/news/training-opp/default.aspx?id=15345&langTag=mk-MK