Промоција на настан, регионален форум „Вебворк“

Регионалниот форум „Вебворк“ (WEBWORK) е завршниот настан на заедничкиот труд на 6 (шест) организации од Западен Балкан. Форумот претставува еднодневен настан кој ќе опфати презентација на регионалното портфолио за вештини за вработливост, на резултатите од мобилностите и активностите за изградба на капацитети базирани на регионалното портфолио за вештини за вработливост, презентација за конкретни обуки за развивање на вештините и компетенциите кај младите за ефективно вработување, презентација на препораки за заедничко дејствување помеѓу клучните чинители во полето на младинска вработливост, како и дефинирање на клучните мерки за подобрување на младинската вработливост.

Панел дискусијата ќе биде проследена со три паралелни работни групи каде што на учесниците ќе им се понуди простор за развивање на потенцијална соработка и заеднички иницијативи кои би можеле да се спроведат во наредниот период. 

Повеќе информации за настанот можат да се најдат на https://www.facebook.com/events/823670591119830/

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива