Пријавете се на програмата „Локално активно вмрежување на младите во институциите“

Доколку сметате дека следните теми се интересни и корисни за вас, можете да се пријавите за учество во програмата „Локално активно вмрежување на младите во институциите“ (ЛАВМИ), најдоцна до 23.02.2018 (петок).

-> Млади за политика или политика за млади? - Исто е, ама не е исто.
-> Правите ли разлика помеѓу партија и политика? 
-> Каков е процесот на донесување политики за млади во локалната самоуправа?
-> Имате ли некаков предлог и идеја за решавање на некои од проблемите во вашата општина?

„Локално активно вмрежување (вклучување) на младите во институциите“ е програма која има за цел да ја крене свесноста и знаењето за тоа што е политика, а што партија, што е партизираност, а што политизација. Програмата ќе им овозможи на учесниците одлична можност да се стекнат со вештини за создавање и пишување предлог-проекти, а истовремено ќе стекнат и повеќе знаење за процесот на креирање политики за млади.

Трите програмски модули ќе се спроведуваат во период од неколку седмици во шест скопски општини: Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров. Се охрабруваат сите заинтересирани кои живеат во некоја од овие општини да се пријават.

Формуларот за пријавување можете да го најдете тука.
Рокот на поднесување на апликацијата е до: 23.02.2018 година (петок)


За повеќе информации обратете се преку e-mail на m.andreeva@oi.org.mk или на телефоните 070 840 559 (Марија) и 078 383 508 (Соња).
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива