​Отворени можности за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за унапредување на креирањето на младински политики

Главната цел на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ е да придонесе во подобрувањето на огранизациските капацитети на граѓанскиот сектор и да гo зајакне активното граѓанство во процесот на креирање на младински политики. Остварувањето на перманентно и ефективно влијание врз креирањето на младинските политики и процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, од страна на граѓанските организации, резултира со формирање динамично и одговорно граѓанско општество, кое презема директна улога за позитивните промени.

Спроведувањето на проектот започна на 19.12.2017 година и ќе трае заклучно со 19.02.2019. Вкупниот износ на финансиската поддршка од страна на Европската унија изнесува 54.780,00 евра.

Преку јакнењето на капацитетите на граѓанските организации во полето на креирање младински политики, фокусот во проектот е на две приоритетни области кои се меѓусебно поврзано. Имено, неопходната вклученост на граѓанските организации во процесите на влијание врз формирањето на добри јавни политики и следствено, создавање на подобра економска и социјална средина за младите луѓе, како поддршка на процесите на пристап и интеграција во Европската унија. Главни таргет групи на проектните активности се токму граѓанските организации и младите луѓе.

Специфичните цели кои проектот се стреми да ги постигне се следните:
  1. Развиени капацитети на граѓанските организации за креирање на младински политики;
  2. Воведени нови алатки и технологии во креирањето на младинските политики и обучување на претставниците на граѓанските организации за нивна ефикасна употреба;
  3. Зголемена соработка и трансфер на знаења помеѓу граѓанските организации и релевантните владини и невладини чинители во полето на креирање на младински политики.
Проектот ќе вклучи:
  • Три 2-дневни обуки со разновидна и сеопфатна тренинг програма за градење на капацитети и вештини за креирање младински политики, како и нивно застапување и лобирање; организирани за вкупно 45 претставници на граѓанските организации;
  • Онлајн курс со лесен пристап до програми, препораки, добри пракси, како и корисни линкови и водичи за креирање младински политики, развој на вештини, како и меѓусебна комуникација и размена на искуства; во кој ќе бидат вклучени 30 граѓански организации. Целта е да се промовира одржлива платформа за младинско влијание во формирањето на младинските политики;
  • Водич со современи методологии и техники за развој на вештини за лобирање и застапување, како и насоки за активно учество во креирањето младински политики, што ќе биде дисеминиран до 300 граѓански организации;
  • Три настани за вмрежување за 45 претставници на граѓанските организации и 6 претставници на релевантни државни институции, на кои ќе бидат промовирани 6 најдобри пракси и ќе бидат одржани 60 состаноци за соработка.
Програмата на проектот ќе ја вклучи Мрежата за поддршка на млади претприемачи која брои повеќе од 70 активни членови и чинители, меѓу кои најголем број граѓански организации кои работат на поддршка и развој на претприемништвото и поврзани теми, како младинските политики, неформалното образование и обуки, меѓуетничката соработка, локалниот развој, вмрежување и застапување на заеднички интереси.

Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ е финансиран од Европската унија, а го имплементираат партнерските организации Фондација Претприемачки сервис за млади од Скопје и Младински културен центар од Битола.

Сите поврзани информации во врска со проектните активности ќе бидат објавени преку веб страницата на Мрежата за поддршка на млади претприемачи www.yes-network.org, а ќе бидат отворени за учество на нејзините членови, но и за сите други заинтересирани граѓански организации од територијата на целата држава.

Контакт за дополнителни информации:
contact@yes.org.mk или 02 3108 891

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива