Покана за конференција за социјално претприемништво

Центарот за интеркултурен дијалог ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од конференцијата „Едукација за социјалнo претприемништво – Социјална инклузија преку претприемништво“ којa ќе се одржи во Скопје, на 26-ти февруари 2018, во просториите на Јавна соба.
 
Конференцијата претставува завршен настан на заeдничкиот напор на 3 младински организации од Македонија, Германија и Белгија, споен во проектот Социјална инклузија преку претприемништво (Social Inclusion through Entrepreneurship), дел од Еразмус + програмата на Европската комисија, поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Главната цел на проектот е развивање на капацитетите на едукаторите и лидерите кои се активни и искусни во програмите за образование на возрасни, за тие самите да дизајнираат и обезбедуваат образовни програми, за да го олеснат вклучувањето на маргинализираните групи и да иницираат нивно вработување.
 
Конференцијата се организира како еднодневен настан кој ќе опфати презентација на активностите и постигнувањата на проектот, едно од кои е публикацијата Социјално претприемништво – Прирачник и курикулум. Презентацијата ќе биде проследена со панел дискусија во која ќе се вклучат експерти за образование на возрасни и две паралелни работилници од кои ќе произлезат препораки за користење на изготвената публикација во обучување на маргинализираните групи, како и препораки за вклопување на социјалното претприемништво во законската легислатива.
 
Агендата може да ја пронајдете на следниот линк:
http://cid.mk/conference-education-for-social-inclusion/
 
Учесниците на конференцијата ќе имаат простор за учество преку дискутирање и размена на мислења и искуства на тема која е од големо значење за младите од Македонија. За учесниците кои се надвор од Скопје, ќе биде обезбеден надоместок за патни трошоци во висина на автобуски билет, по доставување на оригиналните патни билети и фискални сметки.
 
Сите заинтересирани да бидат дел од конференцијата може да се пријават на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScIlZ3AYmirnM9M1tFqiM4eeSMzhREU8hixwIyHOAcpBHP2tQ/viewform
 
Крајниот рок за прием на апликации е 23-ти февруари 2018.
За повеќе информации: info@cid.mk или 071 390 192.