Академски стипендии за граѓанско општество 2018-2019

Отворен е конкурсот за Академски стипендии за граѓанско општество 2018-2019, Програма за стипендирање на Фондациите Отворено Општество.

Академските стипендии за граѓанското општество (Civil Society Scholar Awards - CSSA) ја поддржуваат меѓународната академска мобилност, со цел на студентите на докторски студии и факултетскиот кадар да им овозможат пристап до ресурсите кои го поткрепуваат социјално ангажираното и критичко истражување во нивните родни земји или региони. 
 
Стипендиите се отворени за:
1. Студенти на докторски студии од соодветните научни полиња на акредитирани универзитети во или надвор од својата родна земја;
2. Членови на факултетски кадар кои работат со полно работно време (мора да поседуваат најмалку диплома од магистерски студии) и кои предаваат на универзитети во својата родна земја.
•       Времетраење на проектот: 2 – 12 месеци;
•       Датуми за реализација: 1 септември 2018 – 31 август 2019; Проектите во САД можат да бидат финансирани само ако започнат по 1 Февруари 2019;
•       Максимален износ на стипендијата: 15 000 долари.  
 
Соодветни академски области:
Прифатлива е која било област во рамките на општествените и хуманистичките науки, но особено оние поврзани со: право, правда и владеење; одржлив развој и менаџмент на природни ресурси; економски права и јакнење на сиромашните; јавно здравство, социјална работа и општествен развој; закони и политики на новите медиуми; инклузивно образование; пост–конфликтни студии; човекови права.
 
За повеќе критериуми и услови за пријавување, ве молиме да ги консултирате деталните документи: Насоки и најчесто поставувани прашања, достапни овде:
https://www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards
 
Рок за аплицирање: 31 март 2018