Зајакната вклученост на граѓанските организации во процесот на креирање и влијание на младинските политики

Подигнувањето на свеста кај претставниците на граѓанскиот сектор за важноста на нивното вклучување во процесот на креирање и влијаење врз формулирањето на младинските политики е исклучително важно. Во овој контекст, неопходна е и постојана промоција на достапните можности за учење и соработка, кон воспоставување, но и подигнување на нивото на дијалог со локалните и националните власти. Креирањето на подобра економска и социјална средина за младите во нашата држава е нераскинлив дек од интегративните процеси кон Европската унија.

Во моментов е актуелен проект поддржан токму од Европската унија кој преку Мрежата за поддршка на млади претприемачи ќе понуди низа активности и програма за претставниците на граѓанските организации кои се занимаваат со младинските политики. Активностите ќе вклучат обуки, можности за вмрежување, иновативни алатки (водич и онлајн курсеви) за креирање на младински политики, отварување на влијание, како и соработка и размена на знаење помеѓу граѓанскиот сектор и останатите владини и невладини стеикхолдери кои се дел од процесот на креирање на младинските политики.

Зајакната вклученост на граѓанските организации во креирањето на младинските политики и остварување на позитивно влијание зависи најмногу од развиеноста на нивните капацитети и знаење за воспоставување на истите, како и нивна имплементација. Тие, како познавачи на соодветните потреби, проблеми и предизвици на младите со кои работат и застапувачи на нивните интереси, им помагаат на локалните и националните власти во формулирањето на законите, правилниците и регулативите.

Целта на актуелниот проект „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ е токму да ги зајакне нивните капацитети, со цел унапредено и постојано влијание и вклученост на младинските граѓански организации во процесите на одлучување на локално и национално ниво. Финалната цел е да се придонесе кон креирањето на динамично и активно граѓанско општество.

Една од првите активности во рамки на проектот е организацијата на три 2-дневни обуки за градење на капацитетите на граѓанските организации кои ќе се одржат во текот на следните месеци. Можноста за учество ќе биде отворена за 45 претставници на граѓанските организации на територијата на цела земја, а секако и за членките на Мрежата за поддршка на млади претприемачи, кои се охрабруваат да се пријаваат и активно да учествуваат во проектните активности.

Сите заинтересирани може да пронајдат детален преглед на проектната програма на следниот линк:
http://www.yes-network.org/vest-statija/60334/otvoreni-mozhnosti-za-jaknenje-na-kapacitetite-na-gragjanskite-organizacii-za-unapreduvanje-na-kreiranjeto-na-mladinski-politiki

Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ е финансиран од Европската унија, а го имплементираат партнерските организации Фондацијата за Претприемачки сервис за млади од Скопје, која воедно е координатор на Мрежата за поддршка на млади претприемачи и Младинскиот културен центар од Битола, исто така член на мрежата.

Контакт лице за дополнителни информации:
Оливера Аритоноска, olivera.aritonoska@yes.org.mk, 076 403 999.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива