Повик за учество на обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание врз младинските политики

Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Фондација за Претприемачки сервис за млади објавува:
 
Повик
за учество на обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание врз младинските политики
 
во рамките на проектот
„Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, програма IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“
 
  1. Вовед
Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ има намера да ги зголеми капацитетите на граѓанските организации, со цел тие  континуирано и ефикасно да влијаат на младинските политики и процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, што ќе придонесе за подинамично граѓанско општество.
 
  1. Обуки за „Влијание врз младинските политики“
Целта на обуките е да се зајакне капацитетот на граѓанските организации за вијание врз младинските политики и стратешките развојни планови и мерки на локално и национално ниво.
Повикот се однесува за три дводневни обуки за влијание врз младинските политики, за три групи од по 15 учесници. Со повикот ќе се опфатат вкупно 45 учесници, претставници на граѓански организации од земјата, кои со пријавувањето ќе имаат можност да одберат еден од предложените три термини за обуките:
  • I термин: 19 – 20 април 2018
  • II термин 26 – 27 април 2018
  • III термин 10 – 11 мај 2018
Обуките ќе бидат организирани како целодневни настани, на заедничка локација каде што учесниците ќе можат да го поминуваат времето заедно формално и неформално со цел овозможување истовремено на две придобивки од обуката: градење на капацитите и вмрежување. На крајот од секоја обука, ќе се развијат заеднички препораки и рефлексии. Овие препораки ќе бидат искористени за креирање на следните активности од проектот (онлајн курс и прирачник).
 
Учесниците на оваа обука ќе имаат можност:
  • Да се запознаат со основите, стандардите на квалитет и индикаторите на младинската политика;
  • Да научат за планирање, креирање, имплементација и евалуација на младинската политика;
  • Да се запознаат со сите релевантни институционални актери во земјата одговорни за креирање и спроведување на младинските политики;
  • Да ги совладаат чекорите за застапување на младинските политики пред сите релевантни чинители и носители на одлуки;
  • Да се мотивираат за вклучување и придонес во социо-економскиот развој на земјата преку креирање на младински политики за актуелни прашања кои ги засегаат.
 
  1. Профил на учесници
  • Претставници на граѓански организации кои работат на младинските програми во организациите;
  • Активни членови и волонтери во граѓански организации, со фокус на младински организации;
  • Постари од 18 години;
  • Силна мотивација за вклучување во процесите на креирање и застапување за младинските политики.
 
Обуките ќе бидат водени од искусен/на обучувач/ка на полето младински политики и младинско учество. Локација: Битола. Од секоја организација може да се пријави по еден учесник со пополнување на пријавата тука. Краен рок за пријавување четврток, 12-ти април 2018 до 16:00 часот. Контакт лице: Мери Нашоку 075 468 651.
 
Само селектираните учесници ќе бидат контактирани за учество на обуката со доставување на деталната програма за работа и логистички информации. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за сместување, храна, материјали и пат. Селектираните учесници задолжително треба активно да се вклучат во обуката.

Деталниот повик со повеќе информации за целите на проектот е достапен тука.
Информирајте се за сите проектни активности тука.