Вебинар: Мониторинг и евалуација на политики

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува сите заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема Мониторинг и евалуација на политики“, која ќе се одржи на 13-ти април 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, со пренос во живо на следниот линк.

Агенда за обука.

Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања до обучувачот на следниот линк. Прашањата ќе бидат одговорени во последната сесија од денот.

Ова е првата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
 
Останатите обуки кои ќе бидат организирани во наредниот период се на следните теми:
  • Иновациска политика и евалуација
  • Методологија за истражување на политики & креирање на документи за јавни политики
  • Дизајн на Smart Specialisation strategy
  • Циркуларна економија: политики и практики
  • Индустриска политика базирана на докази
Дел од обуките ќе ги водат странски експерти со цел трансфер на знаење и практики од Европските земји.
Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.
 
За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива