Граѓанските организации обучени за мониторинг и евалуација на политики

На 13-ти април 2018г, во просториите на Стопанска Комора на Македонија се одржа обука на тема: „Мониторинг и евалуација на политики“.  На обуката учествуваа вкупно 30 претставници од граѓанскиот сектор, кои дејствуваат во полето на Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика. Дополнително, за сите заинтересирани страни, обуката беше емитувана во живо на вебсајтот www.yes-network.org. 

Ова е првата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во којачленуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 


Тренинг програмата развиена за граѓанските организации вклучува 6 обуки на следните теми:
  • Мониторинг и евалуација на политики
  • Иновациска политика и евалуација
  • Методологија за истражување на политики & креирање на документи за јавни политики
  • Дизајн на Smart Specialisation strategy
  • Циркуларна економија: политики и практики
  • Индустриска политика базирана на докази
 
Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

Проектот е имплементиран од: Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“ - Зрновци. 

 

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива