Обука: Иновациска политика и евалуација

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Иновациска политика и евалуација“, која ќе се одржи на 27-ми април 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, во просториите на Стопанска Комора на Македонија (кат 5-ти, сала бр.4) во Скопје.

Обуката ќе ја водат д-р Алеш Липник, експерт за иновациска политика од Словенија, директор на Центарот за развој и трансфер на знаење, Универзитет Приморска, Словенија, и м-р Катарина Кречева, експерт по иновациски и образовни развојни политики, вработена во Фондот за иновации и технолошки развој како советник за развој на програми.
Дел од обуката ќе се одржува на македонски а дел на англиски јазик, за кој ќе биде овозможен и превод.

Пријавување на учесници на следниот линк! 
Рок за пријавување на учесници е 25.04.2018. За потврда на Вашето учество на обуката, ќе добиете потврда на мејл.
Агенда за обука.

На настанот ќе бидат покриени ручек и кафе паузи. Исто така проектот покрива и патни трошоци за учесници кои не се од Скопје, во висина од повратна автобуска карта по лице.

Ова е втората обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива